Црниот дроб е мошне важен витален орган, втор по големина после кожата кој ги овозможува најважните функции во регулација на хомеостазата во телото на човекот. Има голем број на функции како што се детоксификација и отстранување на отпадните продукти, лековите и другите штетни супстанци, складирање на одредени витамини, минерали и шеќер, произведување на жолчка и есенцијални плазма протеини, а исто така создава и имуни фактори кои помагаат во борбата против инфекции како и уште многу други функции.
Неалкохолно масно забилување на црниот дроб (НАМЗХ) се дефинира како прекумерна акумулација на маснотии во црниот дроб во отсуство на секундарни причини за замастен црн дроб, како што се значителна употреба на алкохол, вирусен хепатитис или лекови што можат да предизвикаат замастен црн дроб. Терминот НАМЗХ опфаќа континуитет на абнормалности во црниот дроб, од неалкохолен замастен црн дроб (НАМЗХ, едноставна стеатоза) до неалкохолен стеатохепатитис (НАСХ).Ова болест започнува со масна акумулација во црниот дроб (хепатална стеатоза). Црниот дроб може да остане замастен без нарушување на функцијата на црниот дроб (НАМХЗ), но со различни механизми и можни нарушувања, тој може да премине во неалкохолен стеатохепатитис (НАСХ), состојба во која стеатозата се комбинира со воспаление, а понекогаш и фиброза. НАСХ, од своја страна, може да доведе до компликации како што се цироза и хепатоцелуларен карцином.
НАМЗХ е најчесто нарушување на црниот дроб ширум светот и е присутно кај приближно 25% од светската популација. Почесто е во развиените земји, а над 90% од дебелите, 60% од дијабетичарите и до 20% од луѓето со нормална телесна тежина може да го развијат ова заболување. НАМЗХ е водечка причина за хронично заболување на црниот дроб и втора најчеста причина за трансплантација на црн дроб во САД и Европа.
Дебелината и дијабетес мелитус тип 2 се важни ризик фактори за НАМЗХ. Други ризици вклучуваат прекумерна телесна тежина, метаболен синдром (дефиниран како најмалку три од петте следни медицински состојби: дебелина во стомакот, висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, високи серумски триглицериди и низок серумски HDL холестерол), диета богата со фруктоза и постара возраст.