Автоимуни заболувања на тироидната жлезда и инфекција со КОВИД-19
Хипер и хипотироидизмот се најчесто предизвикани од автоимуни состојби, односно заболувања. Околу 80% од патогенезата на Гравесовата болест и Хашимото тироидитис е предизвикана од генетски фактори, додека влијанието на животната средина се сведува на 20%.
Вирусните инфекции, вклучувајќи ги и оние со парво, Епштајн Бар и хепатитис Ц вирусите може да бидат потенцијални фактори од животната средина, но нема доказ дека пациентите со постоечки автоимуни заболувања на тироидната жлезда се повеќе подложни на заразување со вирусни заболувања, вклучително и инфекција со SARS-CoV-2 или дека истите се изложени на ризик да развијат потежок случај на КОВИД-19.
Одредени групи на пациенти, како што се оние со Гравесова офталмопатија кои активно се подложени на имуносупресивна терапија, најверојатно, имаат зголемен ризик за развој на тешка инфекција со корона вирус.
Ефект на антитироидните лекови (АТЛ) врз инфекција со КОВИД-19:
Нема докази дека терапијата со АТЛ го зголемува ризикот од инфекција, при што ни пациентите кои ја примаат таа терапија не се сметаат за група која е поподложна на КОВИД-19 или група која може да развие посериозни симптоми при ова заболување.

Ефект на контролата на функцијата на тироидната жлезда при инфекција со КОВИД-19:
Нема докази дека пациентите со недијагностицирано или нетретирано заболување на тироидната жлезда се поподложни на заболување со вирусни инфекции. Сепак, веродостојно е дека пациентите со неконтролирана дисфункција на тироидната жлезда, особено оние со тиреотоксикоза, можат да бидат под поголем ризик од компликации (на пример, тироидна бура) од било која инфекција. На пациентите со заболување на тироидната жлезда се препорачува да не ја прекинуваат препишаната терапија за да го намалат овој постоечки ризик.

Хипертироидизам
Дијагностицирање на хипертироидизам:
Дијагнозата на хипертироидизам се поставува врз основа на симптоми и клинички анализи, поткрепени со специфични биохемиски резултати. Доколку е возможно, потребно е испитување на антитела за TSH-рецепторот, со цел да се идентификува основната дијагноза.
Ова е особено важно, бидејќи за време на КОВИД-19 кризата, многу центри ја суспендираа употребата на дијагностичко скенирање на изотопи поради недостапност на ресурси и персонал, како и потребата да се намали фреквенцијата во болниците.
Ултразвук на тироидната жлезда може да помогне во дефинирање на основната етиологија. Сепак со намалувањето на достапноста на термини за прегледи во болница и ограниченост на опциите за третмани на хипертироидизам без оглед на основната етиологија, изработувањето на анализи на овој начин е особено ограничено.
Одредувањето на ризик од малигнитет кое е поврзано со палпабилните јазли на тироидната жлезда обично може да биде одложено, освен ако нема особено изразени карактеристики (брз раст на јазли, изразена палпација или лоша клиничка слика) кои укажуваат на висок ризик од рак на тироидната жлезда.
Третман на тиреотоксикоза:
Пациентите кај кои хипертироидизмот е добро контролиран со титрација или режим за блокирање и замена треба да го продолжат својот третман без промени. Ако е тешко да се изврши биохемиски мониторинг на тиреотоксикоза, режимот за блокирање и замена треба да се смета како почетен третман, особено кај пациенти кај кои се појавуваат нови или рецидивни симптоми на хипертироидизам. Режимот за блокирање и замена генерално има слична ефикасност и долгорочни стапки на лекување како режим на титрација, но обично ја намалуваат функцијата на тироидната жлезда, при што е потребно тестирање кое дозволува да се утврди дали е возможно да се постигне еутироидизам, кој дополнително ќе се одржува кај пациентите со хипертироидизам, без оглед на етиологијата.
Проценката на статусот на тироидната жлезда е особено важна доколку се појават нови или влошени симптоми на тироидна офталмопатија.

Разлика помеѓу инфекција предизвикана од агранулоцитоза и инфекција со КОВИД -19:
Пациентите кои земаат антитироидни лекови се изложени на ризик за развој на неутропенија (број на неутрофили на <1,0 × 109/L) или агранулоцитоза (број на неутрофили од <0,5 × 109/L), што се јавува кај 0,2-0,5% од пациентите кои ги земаат овие лекови, особено за време на првиот месец на примање на терапијата.
Симптомите на неутропенијата (болки во грлото, улцерација во устата, треска и симптоми слични на грип) можат да се преклопуваат со симптоми на КОВИД-19 (треска, континуирана кашлица и симптоми слични на грип). Може да биде особено тешко, дури невозможно за пациентите и лекарите да направат точна клиничка разлика помеѓу овие две заболувања. Поради тоа што неутропенијата индуцирана од антитироидни лекови е поврзана со зголемен ризик од инфекции, веројатно е дека овој редок негативниот ефект на антитироидните лекови ја фаворизира прогресијата на КОВИД-19, преку намалување на вродениот имунолошки одговор или преку генерализирана имунолошка супресија.
Од особена важност е да се напомене дека 50% од пациентите кои починаа од заболување со КОВИД-19, боледуваа од секундарни бактериски инфекции, што значи дека неутропенијата може значително да го зголеми ризикот од ко-инфекции, отколку влијанието на тежината на болеста.
Во моментов, повеќето земји не препорачуваат назофарингеални брисеви кај пациенти со благи симптоми слични на грип. Препорачуваме да размислите за прекин на терапијата со антитироидни лекови доколку имате симптоми кои укажуваат на неутропенија.
Итна целосна крвна слика (FBC) за мерење на бројот на неутофили треба да биде изработена само по препорака на доктор. Во зависност од симптомите и медицинската историја, тестирања за КОВИД-19 треба да бидат земени во предвид.
Препорачуваме сите пациенти кои започнале терапија со АТД да побараат писмени информации и инструкции, се цел да бидат информирани како да постапат доколку развијат симптоми кои укажуваат на неутропенија. Лимфопенија и тромбоцитопенија, исто така се забележуваат при инфекција со КОВИД-19, но претставуваат индикации за запирање на земањето на антитироидни лекови.

Хипотироидизам
Справување со хипотироидизам:
Нема посебни промени во врска со дијагнозата и третманот на хипотироидизам за време на КОВИД-19 пандемијата. На пациентите им се советува да продолжат со истата форма и дозирање на терапија за замена на тироидните хормони.
Редовната изработка на крвна слика може да бие отежната, но доколку пациентите се чувствуваат особено лошо или имаат нагла промена на телесната тежина при замена на терапијата или тироидните хормони, се препорачува колку е можно побрзо да се направи тест на функцијата на тироидната жлезда, по можност со мерење на серумскиот TSH и fT4, што би дало прецизна слика доколку е потребно прилагодување на лековите.

Набавка на замена за тироиден хормон:
За време на КОВИД-19 пандемијата, препорачливо е да се избегнува складирање на било какви лекови, со цел да се обезбедат доволно лекови за заедницата. Препорачливо е сите пациенти да имаат пристап до потребните лекови.

Кои групи на пациенти се особено ризични од инфекција со КОВИД-19?
Пациенти со тироидна очна болест кои примаат имуно-супресивни лекови:
Пациенти со тироидна очна болест кои се подложени на третман со имуносупресивни
агенти се сметаат за екстремно ранлива категорија и се подложни на многу висок ризик од тешко боледување од коронавирусот (КОВИД-19) и се советува да се изолираат најмалку 12 недели. Ова ги вклучува пациентите кои примаат глукокортикоиди во имуносупресивни дози, како и оние на други имуносупресивни агенси како што се микофенолат, азатиоприн и биолошки агенси вклучувајќи тепротумамаб, ритуксимаб и тоцилизумаб.
Особено е важно да се намали ризикот од прогресија на офталмопатијата за време на оваа пандемија, затоа советуваме да ги прекинeте цигарите и да внесувате дополнителен селен доколку е потребно. Покрај тоа, конјунктивитис во некои случаи може да биде манифестација на КОВИД-19, SARS-CoV-2 mRNA е откриен во солзите на одредени пациенти.
Пациенти со офталмопатија кои се заболени од КОВИД-19 може да се подложни на особено висок ризик од тешка инфекција, особено доколку имаат изразено меки очни ткива. Пациенти со болест на тироидната жлезда треба да внимаваат при солзење на очите особено врз заштитната опрема.