За да го прославиме ДЕНОТ НА СРЦЕТО, за Вас подготвивме неколку совети за превенција и одржување на добро здравје на срцето!
- Преземете иницијатива
Првиот чекор за подобрување на здравјето на срцето е да се запознаете кои се ризик фактори. Консултирајте се со Вашиот лекар за висината на крвниот притисок, холестеролот, индексот на телесна маса (БМИ), шеќерот во крвта и ризикот од дијабетес.
- Откажете се од пушењето
Чадот од тутун содржи многу штетни материи (повеќе од 4.000) кои можат да го оштетат срцето и крвните садови. Кога ќе престанете да пушите, во период од само една година, ризикот од срцеви заболувања значително се намалува.
- Најдете физичка активност која Ве прави среќни!
Редовната физичка активност може да го намали ризикот од срцев удар, ќе ви помогне во контролата на телесната тежина, регулацијата на крвниот притисок, високиот холестерол и дијабетесот. Препорачана физичка активност е најмалку 30 минути дневно.
- Одржувајте нормална телесната тежина
Дебелината може да предизвика: зголемен крвен притисок, зголемен холестерол и дијабетес.
Одржувајте ја идеалната телесна тежина, односно индексот на истата (БМИ) треба да биде 18,5-24,9.
- Хранете се здраво
Препорачаната диета вклучува храна со малку сол и маснотии, а повеќе натриум.
Исхраната треба да биде богата со овошје, зеленчук, житарици кои го штитат срцето. Мешунките (грашок, грав, соја, леќа) имаат ниска содржина на маснотии, а морската храна која содржи омега 3 масни киселини (сардини, туна, лосос), го намалува ризикот од срцеви заболувања.
- Консумирајте алкохол во умерени количини
Се верува дека алкохолот во умерени количини доведува до зголемено ниво на добар холестерол, но прекумерното консумирање на алкохол претставува ризик за здравјето.
- Најдете начин да се справите со стресот
Стресот негативно влијае на работата на срцето, го забрзува пулсот, крвниот притисок и влијае на зголемување на холестеролот.
Најдете начин да се справите со стресот – медитирајте, поставете приоритети, не трошете енергија на неважни нешта, размислувајте позитивно, научете да кажете НЕ и обидете се да најдете време за работи што ве релаксираат.
- Спијте доволно
Балансираниот начин на живот има корисен ефект врз здравјето на срцето. Научниците тврдат дека луѓето кои спијат само пет часа дневно се 30 проценти поподложни на срцев удар од оние кои спијат цели осум часа.
- Одете на редовни прегледи
Правете редовни контроли. Вашиот доктор ќе Ви помогне да ги следите сите промени во Вашиот организам и да Ве посоветува како да ги контролирате истите.
- Кога чувствувате непријатност, посетете лекар
Честопати има ситуации кога луѓето ја одложуваат посетата на лекар, придавајќи значење на други активности, притоа занемарувајќи ги своите тешкотии.
Ако не се чувствувате добро, веднаш посетете го Вашиот лекар!