Синдромот на полицистични јајници (PCOS) е најчестото ендокринолошко нарушување кое се јавува кај жените во нивниот репродуктивен период, односно помеѓу пубертетот и менопаузата, и се манифестира со специфични симптоми. Овој синдром претставува состојба во која јајниците произведуваат невообичаено високи нивоа на андрогени (машки полови хормони) кои негативно влијаат на овулацијата. Добрата вест е дека со адекватна терапија може да се постигне бременост.
Зошто се појавуваат полицистични јајници?
Медицината сè уште нема дефинитивен одговор на прашањето што предизвикува синдром на полицистични јајници, но лекарите се согласни дека два фактори играат значајна улога: животните навики и наследните односно генетските предиспозиции. Често пати синдромот на полицистични јајници е придружуван и од состојба позната како отпорност на инсулин. Отпорноста на инсулин се јавува кога телото има потешкотии да ги извршува нормалните „активности“ на инсулинот, како што е регулирањето на шеќерот во крвта. Високото ниво на инсулин може да го зголеми производството на машки хормони. Отпорноста на инсулин може да биде предизвикана или од генетски фактори или од животни навики (како што е дебелината), или може да биде комбинација од овие два фактори.

Кои се симптомите?
Најчестите симптоми на полицистични јајници се:
- Потешкотии при забременување поради отсуство на овулација
- Појава на преантрални фолекули во форма на низа по должината на јајниците утврдени со ултразвучен преглед. За разлика од овие, антралните фоликули пак, претставуваат рана фаза на созревање на јајце клетката. Кај жени со полицистични јајници (PCOS), фоликулите престануваат да се развиваат во преантралната фаза, што резултира со ретки овулации. Овие жени често имаат неправилни или воопшто немаат циклуси.
- Отсуство на менструација (аменореа) или неправилна менструација (олигоменореа)
- Зголемено ниво на машки хормони утврдено со лабораторско тестирање
- Покачена телесна тежина и присуството на масни наслаги, особено во пределот на стомакот
- Преддијабетес или дијабетес
- Високо ниво на липиди во крвта (холестерол и триглицериди)
- Високи вредности на антималаричниот хормон AMH
Дијагноза на синдромот на полицистични јајници
Со оглед на големиот број симптоми, медицинските експерти се обидоа да ги обединат дијагностичките критериуми за PCOS. Денес, најраспространет критериум е таканаречениот Ротердамски критериум, според кој за поставување на дијагноза на синдром на полицистични јајници, една жена мора да има најмалку два од следниве 3 симптоми:
- Олиго или аменореа (отсуство или неправилни менструации)
- Зголемено ниво на машки полови хормони (според клинички знаци или врз основа на лабораториски тестови)
- Карактеристичен наод при ултразвучен преглед.
Третман
Третманот на полицистични јајници се одвива во зависност од личниот избор, како и од желбата на пациентката за бременост. Фокусот може да биде на:
- Промени во животните навики во домен на регулација на тежината со помош на нискокалорична диета и редовна, умерена физичка активност. Дури и мала промена во тежината, како што е намалувањето на телесната тежина за 5%, може значително да го подобри здравјето.
- Регулирање на менструалниот циклус со помош контрацептивни таблети препишани од гинеколог кои ќе го намалат нивото на машки полови хормони, или прогестинска терапија.
- Постигнување овулација – освен со задолжителна хормонска терапија која најчесто се користи за постигнување овулација, постојат одредени природни суплементи кои значително можат да придонесат за крајната цел: бременост. Таков природен додаток за исхраната е Елова (Ellova®) кој освен фолна киселина, содржи и мио-инозитолот. Мио-инозитот ја враќа нормалната функција на јајниците со зголемување на чувствителноста на инсулин и значително ги зголемува шансите за забременување со обновување и одржување на менструалните циклуси. Мио-инозитолот истотака го подобрува квалитетот на циклусите на ин витро оплодувањето преку зголемување на бројот на функционални јајце клетки.