Центарот за кариера на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје и Бионика Фармацеутикалс, потпишаа Меморандум за соработка во научната и стручна дејност од областа на фармацијата.
Во рамки на имплементација на Меморандумот, ќе се реализира:
- создавање средина во која академската и деловната заедница ќе имаат заемна комуникација со цел создавање студиски програми конкурентни на пазарот на труд;
- организирање и спроведување нa апликативни и научни проекти;
- едукативни и консултативни активности;
- организација на обуки;
- стручна, научна и техничка поддршка во изготвување на експертски анализи.
Особено внимание ќе се посвети на соработката во делот на реализација на практиканството на студенти на Факултетот за времетраење на студиите.