Синдромот на поличистични јајници (PCOS – Polycystic Ovary Syndrome) влијае на 6-13% од жените во репродуктивната возраст ширум светот, но она што е исклучително важно е дека дури до 70% од случаите не се дијагностицираат навреме.
Што е PCOS?
PCOS е хормонално нарушување кое се јавува кај жените, најчесто во репродуктивната возраст.
Се карактеризира со:
- Нередовни менструации или нивно отсуство
- Зголемени нивоа на андрогени („машки“ хормони) што може да предизвикаат појава на акни, потешкотии со косопад и хириутризам (зголемена влакнетост на лицето, брадата, градите и другите делови на телото)
- Појава на „цисти“ или повеќе незрели фоликули на јајниците, кои не овулираат правилно
Зошто и како се случува?
Точниот причинител не е целосно познат, но медицинските студии идентификуваат неколку важни фактори:
- Инсулинска резистенција (телото не реагира нормално на инсулинот) – тоа може да предизвика зголемување на нивото на инсулин, што го стимулира производството на андрогени
- Ниско-степенска (хронична) воспалителна состојба – кај многу жени со PCOS се наоѓа зголемена воспалителна активност, што може да ја влоши хормоналната нерамнотежа
- Генетика – постојат варијации во гените кои го зголемуваат ризикот. Ако мајка или сестра имаат PCOS, ризикот е повисок
- Надворешни, животни фактори – вклучувајќи го и начинот на исхрана, физичката активност, телесната тежина, изложеност на ендокринолошки нарушувачи (хормонални нарушувачи во околината), и други современи фактори
Без соодветна контрола и третман, PCOS може да доведе до сериозни здравствени компликации:
- Дијабетес тип 2 — многу жени со PCOS развиваат инсулинска резистенција која може да прерасне во дијабетес. CDC (Centers for Disease Control and Prevention) го посочува фактот дека повеќе од половината жени со PCOS развиваат тип 2 дијабетес до возраст од 40 години
- Кардиоваскуларни болести, метаболички синдром, покачен крвен притисок, лош холестерол
- Неплодност – поради проблеми со овулација
- Психолошки влијанија – акни, променливи телесни промени, неможност за зачнување може да предизвикаат стрес, анксиозност, депресија
Важно е навремено препознавање.
Кога PCOS се открива рано, може нешто да се преземе за да се спречат или ублажат компликациите. Промени во стилот на живот пред се здраво хранење, редовна физичка активност, контрола на телесната тежина се важни сегменти кои може значително да го подобрат хормоналниот баланс и севкупната здравствена состојба, како и состојбата со поличистичните јајници.
Доколку имате некои од следниве симптоми, мора да размислите за консултација со стручно медицинско лице:
- Нередовен менструален циклус (поголем од 35 денови, помалку од 9 менструации годишно) или отсуство на месечен циклус
- Потешкотии со зачнување
- Прекумерно количество на влакна на лицето или поткожно, опаѓање на косата
- Проблеми со појава на акни
- Зголемена телесна тежина, особено ако се акумулира околу стомакот
- Чувство на замор и промени на расположението
PCOS не е знак дека нешто сте направиле погрешно, туку комплексна состојба која за многу жени е предизвик, но со соодветна поддршка и третман може да се контролира.
Се покажало дека Мио-инозитол ја обновува овулацијата кај 70%* од жените со PCOS.
За третман на оваа состојба, на нашиот пазар постои ЕЛОВА – додаток на исхрана, комбинација на мио-инозитол и фолна киселина, со кој се обезбедуваат препорачаните дневни дози од овие две состојки.
Раната дијагноза значи повеќе опции.




