Др. Марија Бајдевска Спирковска, специјалист по интерна медицина, во центар за дијабет при Општа болница Куманово го пренесува своето искуство со препаратот Диабил.
”Диабил е одличен препарат, кој во својот состав има две активни состојки, хром пиколинат и екстракт од горчлива диња и успешно придонесува за регулирање на шеќерот во крвта, особено кај пациентите со предијабет. Овие пациенти немаат симптоми, меѓутоа имаат зголемен ризик од развој на дијабет и кардиоваскуларни заболувања. Кај нив Диабил е одличен “сопатник” во регулирање на крвниот шеќер и како дополнување на балансирана диета, физичка активност и редовни контроли кај лекар, го превенираат или одложуваат развојот на тип 2 дијабет.
Јас го користам Диабил најчесто кај пациенти со предијабет и со оглед на редовните лабараториски контроли кои им ги правам, во најчест случај констатирам одржување или намалување на вредноста на гликемија на гладно и гликозилиран хемоглобин.
Неколку примери на пациенти од употребата на Диабил во мојата пракса….
Пациентка на 67 год возраст со дијагноза нарушена гликозна толеранција , HGA1C 5.9%, гликемија на гладно 5.5 ммол/л. После 6 месеци на терапија со Диабил, контролни анализи Hga1c 5.0%, гликемија на гладно 4.9mmol/l;
Пациент на 44 год.возраст со дијагноза Предијабет(IGT+IFG), HGA1C 6, 0%,гликемија на гладно 6,5mmol/l , по 3 месеци Диабил, контролни анализи …HA1C 5.8%, гликемија на гладно 6.1 mmol/l.
Пациентка на 73год.возраст со нарушена гликемија на гладно ,HGA1C 5.7% гликемија на гладно 6.9mmol/l по 6 месеци Диабил…. HGA1C 5.5%, гликемија на гладно 5.7 mmol/l.
Ниту еден пациент не пријави несакани дејства на препаратот и со задоволство продолжија да го земаат, во комбинација со балансирана диета и физичка активност.
Многу сум задоволна од постигнатите резултати и моето искуство од употребата на Диабил и продолжувам понатаму да го препорачувам во мојата секојдневна пракса. ”
Др. Марија Бајдевска Спирковска
Специјалист по интерна медицина, Центар за дијабет – Општа болница Куманово