Растението Momordica charantia (карела, момордика, горчлива диња или кинеска горчлива тиква) е ползавка што потекнува од Индија од каде е пренесена во Кина, а потоа и во другите тропски региони во светот. Денес расте, но и се култивира во тропските предели во Јужна Америка, на Карибите, во источна Африка, во Индија и во другите делови од тропска Азија.
Горчливата диња е богат извор на витамини, вклучувајќи витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3 и Б9. Покрај тоа, таа исто така содржи минерали како калиум, калциум, цинк, магнезиум, фосфор и железо .Важно е дека горчливата диња содржи неколку соединенија за намалување на шеќерот во крвта, како што се шарантин, полипептид-п или пептид со структура слична на инсулинот познат и како харантин на семе, вицин и олеанолна киселина.
Momordica charantia има изразена антидијабетична, како и хиполипидемична активност. Бројни научни студии укажуваат на нејзиниот бенефит во третманот при лекување на дијабетес, како и за одложување на доцните компликации на дијабетесот.
Една од многуте студии е и 3 месечната студија, која го докажува дејството на Momordica charantia во зголемувањето на секрецијата на инсулин кај пациенти со дијабетес. Во студијата учествувале 24 возрасни индивидуи кои земале по 2 грама горчлива диња на ден. Студијата покажала позитивен ефект врз намалување на нивото на шеќерот во крвта и на хемоглобинот А1с (тест кој го покажува нивото на глукоза во последните три месеци.) – линк до студијата.
Потентните фитонутриенти кои ги содржи горчливата диња делуваат на тој начин што го зголемуваат искористувањето на глукоза од страна на клетките и ткивата, ја инхибираат апсорбцијата на гликоза и ја подобруваат секрецијата на инсулин како главен хормон за регулација на нивото на шеќер во крвта.
Нашиот производ Диабил е природен препарт кој содржи 125 µg хром пиколинат и 250 mg екстракт од горчлива диња. Уникатната комбинација на хром пиколинат и екстракт од горчива диња придонесува за одржување на нормални концентрации на глукоза во крвта, како и за за нормален метаболизам за макронутриентите (јаглехидрати, протеини и масти).
Прочитајте повеќе за искуството со Диабил на нашите познати лекари.
За одржување на нормални вредности на шеќер во крвта се препорачува една мека желатинска капсула на ден наутро со оброк.
Контраиндицирано кај бремени жени, доилки, деца и лица кои имаат недостаток на ензимот глукоза-6- фосфат дехидрогеназа.