Уреа 40% крем е топичен третман наменет за третирање на различни дерматози особено оние кој се карактерзираат со сува, груба или задебелена кожа. Уреата, активната состојка на овој крем е кератолотички агенс, што значи помага во разградување и омекнување на кератинот во кожата, промовирајќи задржување на влагата и подобра текстура на кожата.
Индикации за употреба
- Хиперкератоза – оваа состојба вклучува задебелување на надворешниот слој на кожата.
- Ихтиоза – оваа дерматолошка состојба се каректеризира со сува кожа истовремено и со лупење на кожата кое може да биде од ситно брашнесто до лупење на кожата во вид на поголеми лушпи или ламели.Се среќава кај една група на генетски детерминирани дерматози.
- Псоријаза – прилично честа хронична дерматоза се карактеризира со неправилна кератинизација на клетките и како резултат на тоа доаѓа до неправилно натрупување на клетките на површината на кожата. Кремот со Уреа 40% може да помогне во намалување на лушпестата кожа и наслаги, олеснувајќи ја непријатноста и подобрувајќи го изгледот на кожата.
- Екцем – се јавува најчесто во пределот на дланките, стапалата но може и на останатите делови од кожата.Тој е поврзан и со хроничните алергиски реакции. Потребна е локална терапија која може да помогне во третманот на екцемот преку хидрирање и намалување на чешањето и иритацијата.
- Калуси и жулеви – преку омекнување на задебелената кожа. Уреа 40% крем го олеснува отсранувањето на калусите и жулевите, намалувајќи ја непријатноста и спречувајќи понатамошно оштетување на кожата.
- Болести поврзани со ноктите – најчесто задебелените нокти се јавуваат кај габични инфекции на истите или во склоп со други дерматози како што е псоријазата.
Како да се користи
- Апликација – се нанесува тенок слој на засегнатото место еднаш или два пати дневно, според насоките од вашиот лекар.
- Конзистентност – за најдобри резултати користете го кремот редовно.Подобрувањето може да се види и почувствува во период од неколку недели редовна употреба.
- Хидратација – осигурајте се дека кожата е добро хидрирана, може да се користи и дополнителен хидратирачки крем.
- Избегнувајте чувствителни подрачја – тоа подразбира избегнување на нанесување на кремата на места на ранички на кожата или поголеми иритации на истата. Секако треба да се избегнува контакт на кремата со очите и мукозните мембрани.
Претпазливост
Да не се употребува кај деца под три годишна возраст.
Да се направи консултација со лекар доколку се препорачува на трудници и доилки.
Заштита од сонце, посебно на деловите кои се третирани со кремата поради тоа што во тие регии кожата може да е почувствителна на сончева светлина.
Уреа 40% крем е ефикасен третман за справување со различни кожни нарушувања промовирајќи здрава и мазна кожа доколку се користи според дадените упатства.