Aктивна супстанција

clotrimazole

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

крем за надворешна употреба

Група

антимикотик со локално дејство

Терапевтски индикации

МИКОТРИТ® 1% крем се употребува за лекување на дерматомикози (габични инфекции на кожата) предизвикани од дерматофити, квасни габи, мувли и други видови габи (габични инфекции на стапалата и кожата меѓу прстите на нозете – состојба на атлетско стапало), габични инфекции на рацете, габични инфекции на кожата на телото и на кожните ингвинални набори, питиријазис верзиколор, габичен осип што се појавува при употреба на пелени и габичен осип кој обично се наоѓа на областите на телото покриени со облека. Тоа може да се развие кога потните канали се блокирани и отечени и често води до непријатност и чешање (еритразма).

Дополнително МИКОТРИТ® 1% крем се употребува за лекување на габични инфекции на срамните усни и околното подрачје и инфекција на главата и кожичката на машкиот полов орган што ја предизвикале квасни габи (кандиден вулвитис и кандиден баланитис).

Пакување

Al туба х 20 g

Регулаторен статус

ОТЦ