Имунолошкиот систем е наш одбранбен штит од болести. Тој е составен од многу комлексна и слоевита зашита, која овозможува заштита од вируси , бактерии , габи и паразити , од нивните хемиски супстанции како токсини , потоа од сопствени изменети и истрошени клетки. Присутен во сите делови од организмот, имуниот систем е многу битен фактор за одржување и продолжување на животот. Ваквата негова улога бара од сите нас соодветна нега, одржување и подобрување на имунитетот. Алергиите се појавуваат како резултат на преосетливост на имуниот систем, а алергиските реакции се јавуваат кога имунолошлиот систем реагира на најчесто безопани супстанции од околната животна средина. Симптомите од алергијата може да бидат локализирани на одредени системи или да се прошират низ целиот организам. Имунитетот и алергиите се тесно поврзани. Намалениот имунитет, како и долготрајните и упорни алергиски симптоми во значителна мера ги исцрпува засегнатите лица.
Имуникс со своите состојки го зајакнува и го одржува имунитетот. Снизтоп® таблетите за џвакање ќе ве ослободат од алергиските симптоми за 10-15 минути, а Халсепт спрејот за уста и грло ќе ви помогне при воспалителни процеси во грлото и усната празнина.