САЛКРОЗИН СУПОЗИТОРИИ

12 супозитории

АКТИВНА СУПСТАНЦИЈА

Месалазин (500 mg во една супозиторија).

ШТО ПРЕТСТАВУВА САЛКРОЗИН 500 mg ГАСТРОРЕЗИСТЕНТНИ ТАБЛЕТИ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Салкрозин 500 mg супозиториите содржат месалазин (исто познат како 5-аминосалицилна киселина), кој спаѓа во групата на лекови наречени цревни антиинфламаторни агенси. Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети делуваат против воспаление предизвикано од болест на дебелото црево (Улцеративен колитис).

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА

Внимателно следете ги инструкциите на Вашиот лекар за тоа како и кога да ги употребувате супозиториите Салкрозин, во спротивно може да не се постигне саканиот ефект. Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт доколку имате некое прашање.

Вашиот лекар ќе ви каже колку време ќе трае лекувањето со Салкрозин 500 mg супозитории. Не прекинувајте со третманот, иако можеби се чувствувате подобро, затоа што Вашите симптоми може повторно да се појават ако ја прекинете употребата премногу рано.

Следете ги внимателно упатствата на Вашиот лекар во врска со тоа како да го користите овој лек, за време на акутните воспалителни фази како и во периодот на одржување.

Доколку Вашиот лекар поинаку не одреди, препорачаните дози се следните:

  • Максимум 3 супозитории од 500 mg дневно, ректално, и тоа наутро, на пладне и пред спиење.

Употреба кај деца и адолесценти

Употребата на Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети не се препорачува кај деца и адолесценти на возраст до 18 години, поради недостаток на податоци за безбедност и ефикасност.

Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети не се препорачуваат кај деца под 5 години.

Употреба кај постари лица

Употребата на Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети кај постари лица мора да биде со претпазливост и секогаш ограничена кај пациенти со нормална бубрежна функција.

Пакување

12 супозитории од 500 mg.

Супозиториите се во форма на бело-сивкасто до бледо црвенкасто-виолетово торпедо.

НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ НА ЛЕКОТ

Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).