ДИСТЕМ

20 таблети

ДИСТЕМ е комбинација на аналгетик и антипиретик (за намалување на болката и треската) и мускулен релаксант. Дистем овозможува ублажување на болката и вкочанетоста на мускулите и се употребува за третман на мускулни грчеви.

ШТО Е ДИСТЕМ?

ДИСТЕМ е комбинација на аналгетик и антипиретик (за намалување на болката и треската) и мускулен релаксант. Дистем овозможува ублажување на болката и вкочанетоста на мускулите и се употребува за третман на мускулни грчеви.

СОСТОЈКИ

  • Активни супстанци се метакарбамол и парацетамол. Една таблета содржи 380 mg метакарбамол и 300 mg парацетамол.
  •  Останати состојки: стеаринска киселина, пченкарен скроб прежелатинизиран, натриум кроскармелоза, магнезиум стеарат, колоиден силициум диоксид безводен, повидон, глицерол дистеарат, натриум скроб гликолат (добиен од компир) и талк.

УПОТРЕБА

Препорачаните дози се:

Возрасни

Препорачаната доза е 2 таблети, четири до шест пати на ден, во зависност од тежината на симптомите. Не треба да земате повеќе од 12 таблети за 24 часа, а интервалот помеѓу земањето на таблетите да не биде помалку од 4 часа.

Постари пациенти

На постарите пациенти може да им е потребна помала доза за да ги ублажат болките и мускулните грчеви. Препорачаната доза е 1 таблета, 4 пати на ден.

Пациенти со проблеми со бубрезите и црниот дроб

Интервалот помеѓу земањето на таблетите кај овие пациенти можеби треба да биде подолг.

 

Можни несакани дејства

Како и сите лекови, така и овој лек може да предизвика несакани ефекти, иако тие не се јавуваат кај сите.

Ако се појави некоја од следниве реакции, прекинете го третманот и веднаш известете го Вашиот лекар:

  • Алергиски реакции кои се движат од едноставна ерупција на кожата или уртикарија до потешки реакции како што се анафилактична реакција или ангиоедем (осип, чешање, отекување на екстремитетите, лицето, усните, устата или грлото што може да Ви предизвика потешкотии при голтање или дишење) или тешки кожни реакции.
  • Жолтица (пожолтување на кожата и белките на очите), што укажува на проблем со црниот дроб.
  • Ако почувствувате инфекција со симптоми како треска и болка, веднаш јавете се кај Вашиот лекар, бидејќи може да биде показател за промена на белите крвни зрнца или тромбоцитите во крвта, намалувајќи ја нејзината отпорност на инфекции.
  • Конвулзии или несвестица (синкопа).

Ретки несакани дејства (се јавуваат кај помалку од 1 на секои 1000 пациенти):

      – Главоболка, вртоглавица или зашеметеност.

      – Коњуктивитис со назална конгестија.

      – Намалување на крвниот притисок, метален вкус, зголемување на 

        хепаталните трансаминази.

      – Треска, малаксаност.


Многу ретки несакани дејства (се јавуваат кај помалку од 1 на секои 10000 

     пациенти):

     – Гадење, повраќање.

     – Нервоза, анксиозност, конфузија, тремор, поспаност, заматен вид, нистагмус    

       (брзи и неволни движења на очите).

     – Ниско ниво на шеќер во крвта, намалување на бројот на отчукувањата на             

       срцето, црвенило на кожата.

    – Бубрежна токсичност (темна урина).

     – Тешкотии со дишењето.


Несакани дејства со непозната честота (честотата не може да се процени од  

    достапните податоци):

    – Лесна мускулна дискоординација, губење на меморијата, вртоглавица, 

      несоница, двоен вид.

    – Горушица, сува уста, замор, дијареа.

ПАКУВАЊЕ

20 таблети , PVC-алуминиумски блистери 2 х 10

НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ НА ЛЕКОТ

Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р)