МАКМИРОР КОМПЛЕКС™

МАКМИРОР КОМПЛЕКС™

МАКМИРОР КОМПЛЕКСтм вагинална капсула, мека, содржи комбинација на две ефикасни активни супстанции:

► Nifuratel 500 mg

►Nystatin 200.000 IE

Nifuratel е хемиотерапевтик кој пројавува интензивно и ефикасно дејство против трихомонас, бактерии и габички. Nystatin е добро познат антибиотик со антимикотично дејство, особено активен против габички од родот Candida. Оваа комбинација овозможува поливалентна терапија на вагинитис што обезбедува елиминација на патогените микроорганизми одговорни за инфекцијата (Candida albicans, Trichomonas и бактерии) и ги зачувува физиолошките услови на вагината.

Индикации

МАКМИРОР КОМПЛЕКСтм   вагиналните капсули се употребуваат за локален третман на вагината и инфламација на надворешните гениталии предизвикани од патогени микроорганизми осетливи на комбинацијата nifuratel-nystatin. Лекот се употребува само кај возрасни

Дозирање и начин на употреба

Вообичаено дозирање кај возрасни е 1 вагинална капсула дневно, навечер пред спиење. Најдобар терапевтски резултат се постигнува кога капсулата ќе се внесе длабоко во вагината.

Контраиндикации

МАКМИРОР КОМПЛЕКС™ вагиналните капсули не смеат да се употребуваат ако кај пациентот постои хиперсензитивност на nifuratel, nystatin или на било која од другите помошни состојки на лекот. Несаканите дејства се многу ретки, а се јавуваат во вид на изолирани случаи на алергиски реакции (дерматитис, уртикарија) како и вагинално печење и чешање, кои генерално се благи и спонтано поминуваат.

Пакување

6 вагинални капсули.    

Начин на издавање на лекот  

Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р)6 вагинални капсули. Начин на издавање на лекот
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р)