Грижата за животната средина е составен дел од Бионика Фармацеутикалс. Заложбите за нејзино зачувување ги интегрираме во нашите целокупни процеси, од материјалите кои ги користиме, до оптимизацијата на процесите во производството и управувањето со отпадот. Нашето влијание е сведено на минимум и секојдневно се трудиме да го подобриме. Истите заложби за зачувување на животната средина ги пренесуваме во секојдневната комуникација со нашите клиенти, со цел да влијаеме на подигнувањето на генералната свест.
Како дел од општеството, соработуваме со различни граѓански здруженија и асоцијации, со што се трудиме да ги исполниме заедничките цели и програми, помагајќи на тој начин за подобрување на целокупните услови во поширокото опкружување. Отворени сме за соработка и поддршка на секоја искрена иницијатива, која на директен или индиректен начин, преку развивање на свеста и обезбедување помош од различен вид, дава придонес во напорите за континуиран одржлив развој и напредок.
Наш придонес во одржливиот развој е и можноста која ја нудиме за искористување на нашите капацитети, експерти и знаење за проекти кои ќе дадат придонес во подобрувањето на условите за живот, поцелисходното искористување на природните ресурси, иновации и нивната имплементација во нови средини.
