Бионика Фармацеутикалс Д.О.О. ги исполнува барањата на меѓународно признатите стандарди за квалитет, кои се однесуваат на производство и квалитет на фармацевтските производи, а тоа се потврдува и со редовните проверки на домашните и меѓународните законодавни инспекциски и сертификациони тела, како и проверки од страна на нашите купувачи и партнери согласно потпишаните договори.

Сертификат за усогласеност со начелата на ДПП

Сертификат за усогласеност со начелата на ДПП

Дозвола за производство на додатоци на исхрана

Во 2012 година Бионика Фармацеутикалс Д.О.О се здоби со Сертификат за ДПП сообразност на производител од Министерство за здравство за пакување и контрола на квалитет на цврсти, течни, полуцврсти и гасовити дозирани форми. Истата година нашата компанија го доби и Решението од Агенција за храна и ветеринарство за производство на додатоци на исхрана. Во 2015 година Бионика Фармацеутикалс го пушти во работа својот нов дел за производство на цврсти дозирани форми: супозитории и вагитории, полуцврсти и течни дозирани форми направен по европските и меѓународните (GMP-Добра Производна Пракса) барања и во месец Март се стекна со Решенето за производство на козметички производи, издадено од страна на Министерство за здравство. Во 2019 година, како резултат на инспекцијата од Агенцијата за лекови од Р. Словенија (JAZMP) се потврди дека производството на цврсти дозирани форми: супозитории и вагитории, полуцврсти и течни дозирани форми, пакување и контрола на квалитет е во согласност со највисоките стандарди пропишани со нормите во Европска Унија и Бионика Фармацеутикалс Д.О.О се здоби со ЕУ Сертификат (Certificate of GMP Compliance of a Manufacturer). Исто така во Мај, 2017 година од страна на Фармацевтската Комора на Репубилка Северна Македонија е доделена и благодарница за долгогодишна и успешна соработка. Системот за управување со квалитет во нашата компанија ги следи принципите и нормите на Добрата Производна Пракса, како и останатите важечки меѓународни стандарди кои се следат во фармацевтската индустрија, а е воведен со цел за создавање, одржување и постојано подобрување на квалитетот на производите со што се постигнува крајната цел, односно задоволување на барањата на корисниците на производите.