Визија

Нашата основна визија е Бионика Фармацеутикалс да стане значаен регионален производител на диететски производи, ОТЦ лекови и лекови на рецепт, преку исполнување на важечките меѓународни стандарди во фармацевтската индустрија за обезбедување и контрола на квалитет на производите. Во истата насока ќе работиме напорно на градење партнерства со најголемите светски фармацевтски компании за да станеме нивна доверлива продолжена рака за регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Мисија

Ние во Бионика Фармацеутикалс се стремиме кон успех во сѐ што работиме и токму поради тоа нашата мисија е успешно да делуваме на пазарите каде што сме присутни. Преку целосната посветеност кон обуката и развојот на сите вработени, внимателните истражувања и понудата на интелигентни решенија, ние отвораме нови можности за нашите потрошувачи. Според тоа, создавајќи вредност за нашите потрошувачи допринесуваме за растот и развојот на компанијата како и за целото опкружување
Мисија и Визија