Додаток на исхрана при бременост и доење. Неопходна комбинација од фолна киселина и калиум јодид: 400 µg фолна киселина 100 µg калиум јодид Фолната киселина и јодот се најважните супстанции кои треба да се надополнуваат во текот на целата бременост и доењето. Потребите за Јод и Фолна киселина во текот на бременост и лактацијата се зголемуваат за два пати и обично не се комплетно задоволени само со внес на храна. Со користење на ФОЛИОД капсулите, уште пред почетокот на бременоста, за време на целата бременост и доењето се овозможува оптимално задоволување на зголемените потреби за јод и фолна киселина и со тоа овозможува нормален развој на психолошките, невролошките и когнитивни функции на плодот.
Една мека желатинска капсула содржи 100 µg јод во облик на калиум јодид и 400 µg фолна киселина.
Други состојки: сончогледово масло, желатин, глицерол, жолт пчелин восок, прочистена вода, соја лецитин, боја титан диоксид Е171 и боја турмерик Е100.
фолна киселина 400 µg и јод 100 µg Фолната киселина (Фолат) има важна улога во:
Јодот е од есенцијално значење за нормално функционирање на тироидната жлезда, односно за формирање на двата тироидни хормони Т3 и Т4. Во текот на бременоста активноста на тироидната жлезда е два пати зголемена, со што се зголемуваат и дневните потреби на јод. Оптимално задоволување на потребите од јод во текот на бременоста овозможува нормален развиток на когнитивните и невролошки функции кај плодот.
Една мека желатинска капсула на ден се препорачува со главниот оброк
Нема пријавени несакани ефекти или појава на токсичност поврзана со употреба на препорачаните дози.