• 37.5 mg/5 ml – концентрат за раствор за инфузија
Активна супстанција е атосибан. Атосибан Страген се употребува за одложување на предвремено породување. Атосибан Страген се употребува кај бремени возрасни жени, од 24 до 33 недела на бременоста.
Атосибан Страген дејствува преку намалување на јачината на контракциите на матката (утерус). Исто така ја намалува честотата на контракциите. Тоа го постигнува преку блокирање на ефектот на природниот хормон во телото наречен окситоцин, кој ги предизвикува контракциите на матката (утерус).
останати гинеколошки препарати, АТС: G02CX01.
1 вијала со 6.75 mg/0.9 ml раствор за инјектирање;
1 вијала со 37.5 mg/5 ml концентрат за раствор за инфузија.
Лекот може да се применува само во здравствена организација