ДИБУЗИН

30 таблети со контролирано ослободување

ШТО Е ДИБУЗИН?

ДИБУЗИН таблетите се диететски производ – храна за посебни медицински намени со бутерна киселина во облик на нејзина сол, калциум бутират со цинк и витамин Д3, наменети за исхрана на лица со функционални пореметувања на дигестивниот тракт (IBS – синдром на нервозни црева) и воспалителни болести на цревото (улцеративен колитис, Кронова болест).  

СОСТОЈКИ:

калциум бутират, средства за зголемување на волумен: сорбитол, микрокристална целулоза, средства за обложување: хидроксипропил метилцелулоза, изомалт, калциум карбонат, масни киселини, цинк глуконат, средство за глазирање: шелак, средства против згрутчување: магнезиум стеаратсилициум диоксид, витамин Д3 (средство за згуснување: арапска гума, пченкарен скроб, триглицериди со средни ланци, антиоксиданс: dl-алфа-токоферол), стабилизатор: хидроксипропил метилцелулоза, арома (емулгатор: полисорбат 20), стабилизатор: глицерин, средство против згрутчување: масни киселини. 

СОСТАВ 1 таблета 2 таблети ПДВ%* (2 таблети) 100,0 g
Бутерна киселина (калциум бутират) 500,0 mg 1.000,0 mg - 46,1 g
Цинк (цинк глуконат) 5,0 mg 10,0 mg 100,0 460,8 mg
Витамин Д3 (холекалциферол) 12,5 µg 25,0 µg 500,0 1,15 mg

*Препорачано дневно внесување 

УПОТРЕБА:

испијте 1 цела таблета наутро, без џвакање, или 1 таблета наутро и 1 навечер, доколку вашиот лекар не препорача поинаку.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА:

Не ја пречекорувајте препорачаната дневна доза. Производот не треба да го употребуваат лица преосетливи на неговите состојки.

Производот не треба да го употребуваат трудници, доилки, лица со хиперкалцемија, хиперпаратиреоидизам, лица помлади од 15 години, освен по препорака на лекар. Лица кои земаат лекови или имаат посебни медицински состојби, како и постари лица, пред употребата на овој производ мораат да се консултураат со својот лекар или фармацевт. Потребно е посебно внимание кај лица на терапија со тијазиди, кардиотонични гликозиди, рифампицин, изонијазид, фенитоин и барбитурати. Истовремена употреба на овој производ со кортикостероиди може да го намали нивното дејство. Производот се употребува под медицински надзор. Прекумерна употреба може да предизвика лаксативен ефект. Производот чувајте го на места недостапни за деца.

Начин на чување:

Да се чува на температура до 25°C во оригиналното пакување, заштитено од светлина и влага.

Пакување:

30 таблети со контролирано ослободување х 1,085 g