САЛКРОЗИН ГАСТРОРЕЗИСТЕНТНИ ТАБЛЕТИ

100 таблети

АКТИВНА СУПСТАНЦИЈА

Месалазин (500 mg во една таблета).

ШТО ПРЕТСТАВУВА САЛКРОЗИН 500 mg ГАСТРОРЕЗИСТЕНТНИ ТАБЛЕТИ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети содржат месалазин (исто познат како 5-аминосалицилна киселина), кој спаѓа во групата на лекови наречени цревни антиинфламаторни агенси. Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети делуваат против воспаление предизвикано од воспалителна болест на цревото (улцеративен колитис и Кронова болест).

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА

Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Доколку не сте сигурни посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Вашиот лекар ќе ви каже колку време ќе трае лекувањето со Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети. Не прекинувајте со третманот, иако можеби се чувствувате подобро, затоа што Вашите симптоми може повторно да се појават ако ја прекинете употребата премногу рано.

Следете ги внимателно упатствата на Вашиот лекар во врска со тоа како да го користите овој лек, за време на акутните воспалителни фази како и во периодот на одржување.

Доколку Вашиот лекар поинаку не одреди, препорачаните дози се следните:

Улцеративен колитис (акутна фаза): лекарот нормално препишува доза помеѓу 1,5 g  (3 гастрорезистентни таблети) , 4,0 g  (8 гастрорезистентни таблети) месалазин/ден, земени наеднаш или поделени во повеќе дози.

Улцеративен колитис (одржување на ремисија): лекарот нормално препишува доза помеѓу 1,5 g  (3 гастрорезистентни таблети) , 3,0 g  (6 гастрорезистентни таблети) месалазин/ден, земени наеднаш или поделени во повеќе дози.

Кронова болест (акутна фаза и одржување на ремисија): 3 таблети (1,5 g месалазин), поделени во три фази дневно.  

Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети мора да се земаат перорално.

Лекот се зема пред јадење и се проголтува цела таблета, со малку течност за полесно проголтување на таблетата.

Употреба кај деца и адолесценти

Употребата на Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети не се препорачува кај деца и адолесценти на возраст до 18 години, поради недостаток на податоци за безбедност и ефикасност.

Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети не се препорачуваат кај деца под 5 години.

Употреба кај постари лица

Употребата на Салкрозин 500 mg гастрорезистентните таблети кај постари лица мора да биде со претпазливост и секогаш ограничена кај пациенти со нормална бубрежна функција.

Пакување

100 таблети, 10 Алу/Алу блистери х 10 обложени таблети, овални (капсуларна форма), пoртокалови.

НАЧИН НА ИЗДАВАЊЕ НА ЛЕКОТ

Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).