1 капсула содржи : 250 mg урсодеоксихолна киселина.
Активната супстанција урсодеоксихолна киселина е природно создадена жолчна киселина која во мали количини ја има во човечката жолчка.
УРСОБИЛ® 250 mg капсулите се употребуваат за растворање на мали жолчни камења и за лекување на заболување на црниот дроб (примарна билијарна цироза) на пр. со стимулација на протокот на жолчката.
Кај деца и адолесценти на возраст од 6 до 18 години лекот се употребува за третман на нарушувања на хепар-жолчка поврзани со цистична фиброза.
УРСОБИЛ® 250 mg капсулите се употребуваат за растворање на мали жолчни камења и за лекување на заболување на црниот дроб (примарна билијарна цироза) на пр. со стимулација на протокот на жолчката.
Кај деца и адолесценти на возраст од 6 до 18 години лекот се употребува за третман на нарушувања на хепар-жолчка поврзани со цистична фиброза.
Лекот треба да го употребувате според препораките на лекарот или фармацевтот. Доколку не сте сигурни посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Капсулите да се испијат цели со доволно течност.
За растворање на жолчни камења:
Препорачано дозирање за возрасни е: 10-12 mg/kg телесна тежина дневно, поделено на 2 дози во текот на денот. Генерално потребни се 6-24 месеци за растворање на жолчните камења. Доколку нема намалување на големината на жолчните камења после 12 месеци, треба да се прекине третманот.
6 до 10 месеци по започнување на третманот, Вашиот лек ќе изведе тестирање за да се провери успешноста на третманот.
Примарна билијарна цироза:
Препорачано дозирање за возрасни е: 12-16 mg/kg телесна тежина дневно.
Во првите 3 месеци од лекувањето, треба да ги земате УРСОБИЛ® 250 mg капсулите во поделени дози во текот на денот. Ако се подобрат тестовите за црнодробната функција, вкупната дневна доза може да се земе еднаш дневно, препорачливо е навечер.
Употребата на УРСОБИЛ® 250 mg капсулите за примарна билијарна цироза може да се продолжи на неопределено време.
Кај пациенти со примарна билијарна цироза клиничките симптоми можат да се влошат на почетокот на терапијата, на пр. може да се зголеми чешањето. Ова се случува само во ретки случаи. Во тој случај терапијата продолжува со пониски дози УРСОБИЛ® 250 mg капсули. Секоја недела Вашиот лекар постепено ќе ја зголемува дневната доза, додека не се постигне препорачаната доза.
Деца со цистична фиброза на возраст од 6 до 18 години:
Препорачаната доза е 20 mg / kg / ден поделена на 2-3 дози, со понатамошно зголемување до 30 mg / kg / ден доколку е потребно.
50 капсули во PVC/Al блистер
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р)