КОЛПОФИКС

Вагинален спреј гел

ИНДИКАЦИЈА

Превенција и третман на цервикални лезии предизвикани од хуман папиломавирус, благодарение на контролирањето на физиолошките услови на трансформираната зона
на цервико-вагиналната мукоза.

ОПИС

Колпофикс® е иновативен производ во однос на формулацијата и начинот на употреба. Тоа е гел со тиксотропни карактеристики кој заради силата на механичка компресија преминува во течност кога се нанесува, и се претвора повторно во гел после аплицирањето. Ексклузивниот и ергономски облик на апликаторот овозможува директна униформна и ефикасна дистрибуција на мукоадхезивниот производ, длабоко на цервико-вагиналната мукоза, избегнувајќи протекување.

Колпофикс® содржи функционални супстанции: поликарбофил и карбоксиметил бета-глукан. Особено, Колпофикс® е ефикасен во следните индикации преку повеќе механизми на дејство:
– Формира филм кој ја заштитува цервико-вагиналната мукоза од штетното влијание на екстерни микробиолошки агенси, благодарение на еговиот биоадхезивен капацитет.
– Промовира реепителизација и регресија на цервикалните лезии, благодарение на контролирањето на физиолошките услови на цервико-вагиналната трансформирана зона
преку хидратација.
– Ја зачувува и одржува вагиналната микрофлора благодарение на регулирањето на рН и на пребиотскиот ефект.

СОСТАВ

Вода, сорбитол, карбоксиметил бета-глукан, вкрстено-поврзан акрилен полимер (поликарбофил), имидазолидинил уреа, натриум дехидроацетат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Бојата на гелот може да се промени поради присуството на природни супстанции, оваа промена не влијае на квалитетот на производот. Производот е наменет за вагинална употреба. Да не се голта. Не го користете производот без препорака од вашиот лекар или фармацевт, во случај на потврдена или претпоставена бременост или истовремена употреба на локална фармаколошка терапија. Производот не е наменет за употреба кај деца. Чувајте го производот надвор од видик и дофат на деца.

Продолжената употреба на производот, како и кај сите топикални производи, може да доведе до зголемена појава на локална сензибилизација или иритација; во случај на ваква појава прекинете го третманот и консултирајте го вашиот лекар или фармацевт. Не го употребувајте производот доколку се оштетени пакувањето или апликаторот, или не е целосно интактен за време на првото отварање. Не го употребувајте роизводот по изминување на рокот за употреба. Употребувајте го производот во согласност со инструкциите за употреба. Апликаторот е за 1 употреба и не треба да се користи повторно.

ЧУВАЊЕ

Чувајте го производот на суво место, заштитен од светлина и извори на топлина. Назначениот рок на употреба се однесува на неотворен и правилно чуван производ

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Не го протресувајте производот пред употреба.

Отстpанете ја заштитната ќесичка од вагиналниот апликатор. Отстpанете го заштитното капаче од спрејот, ставете го апликаторот на распрскувачот од спрејот. Започнете го
аплицирањето со притискање на копчето од диспензерот додека не се појави производот. Внесете го апликаторот длабоко во вагината лежејќи на грбот со свиткани колена.
Притиснете 5 пати за една апликација. Отстpанете го апликаторот после употреба. Затворете го спрејот со капачето.

ДОЗИРАЊЕ

Се препорачува 1 апликација (5 прскања) на ден, во времетраење од 10 дена, навечер пред легнување.
По препорака од лекар третманот може да се повтори.
1 пакување е наменето за 10 дневна употреба.

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

Да не се користи во случај на хиперсензитивност или инкомпатибилност кон било која состојка на производот. Тестирањата изведени до денес не покажале било каква
сензибилизација или други несакани ефекти. Во случај на постојана непријатност, консултирајте се со лекар.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 ml шише и 10 индивидуално спакувани апликатори за една употреба.