Политика за приватност на веб страницата на www.bionikapharm.com
1. Оваа Политика за приватност ги уредува начините на кои се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани од посетителите на веб страницата на БИОНИКА, www.bionikapharm.com (во понатамошниот текст: Веб страница).
2. Политиката за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата. Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страници, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
3. Посетата на нашата Веб страница e анонимна. Ние ги собираме личните податоци од посетителите само доколку тие самите се согласат да ги достават таквите податоци до нас преку регистрација за нашиот билтен е-информатор како и преку формата за пријава на несакани реакции на лек со цел за добивање на одговор на Вашето барање.
4. Со користење на нашата Веб страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со оваа Политика, Ве молиме да не ја користите нашата страница.