Бионика Фармацеутикалс e производствена компанија за фармацевтски цврсти, полуцврсти и течни дозирани форми. Големината и капацитетот на Бионика е дизајниран да ги задоволи барањата на регионалниот пазар како и сите највисоки стандарди што ги бара глобалната фармацевтска индустрија. Процесите во производството, лабораторијата за контрола на квалитет, микробиолошката лабораторија како и лабораторијата за истражување и развој, ги исполнуваат најновите барања на Добрата производствена пракса (GMP) и Лабораторија за контрола на квалитет која работи во согласност со начелата на Добрата Производна Пракса, стандарди за производство и квалитет на цврсти , полуцврсти и течни дозирани форми. Магацинскиот простор во целост ги задоволува барањата на Добрата пракса во чувањето на лекови (Good Storage Practice). Инсталираниот систем SCADA во магацините ја регистрира и автоматски регулира температурата и влажноста на воздухот, со што овозможува квалитетни услови за чување на складираните производи.

Основни вредности на Бионика Фармацеутикалс се:

  • Политика на висок квалитет;
  • Постојано следење и прифаќање на иновациите во фармацевтската индустрија;
  • Градење на блиски деловни односи со сите целни клиенти и крајни потрошувачи;
  • Флексибилност и прилагодливост на понудата според барањата на клиентите и потрошувачите;
  • Еднаков третман на пазарите;
  • Грижа за животната средина и општествена одговорност.
Бионика Фармацеутикалс